ИНФО - Хотел Цар Самуил

ЛОКАЦИЈА

Јавната Здравствена Организација - Природно Лекувалиште Бања Банско е сместена во хотел Цар Самуил во локалитетот Бања Банско, на подножјето на планината Беласица, 12 км. југоисточно од градот Струмица.

КАПАЦИТЕТИ
Хотелот Цар Самуил е од Б категорија и располага со 165 кревети, комплетно опремен дел за балнео терапија и медицинска рехабилитација, како и други простории од спортско - рекреативен и забавен карактер:

  • полуолимписки рекреативен базен
  • трим кабинет
  • сала за билјард
  • пинг понг
  • шах
  • снек-бар
  • кафеана со жива музика
  • нокен диско клуб
  • ТВ сала и др.

КЛИМАТСКИ УСЛОВИ
Благата умерено -континентална клима со просечна годишна температуре од +13 степени целзиусови, со околу 230 сончеви денови во годината како и богатството со хипертермални минерални извори со температуре на водата од 47 до 72 степени, овозможиле природното лекувалиште да се користи уште од Римското Време, односно од 3 Век. Лековитоста ја потврдува и Турската бања која и ден денес се користи од локалното население.

Богатите и разновидни шуми и извонредно чистиот воздух ги комплетира условите за лекување со природни фактори, потпомогнати со најсовремена медицинска техника и стручни медицински екипи.

ЛЕКОВИТO ДЕЈСТВО
Бањата помага при лекување на следните заболувања:

  • сиде видови ревматични заболувања
  • ишијалгии и полиартрити
  • астматични заболувања
  • болести на органите за варење ( чир, гастрит, цревни заболувања )
  • состојба после фрактура на коските
  • состојба после прележана жолтица
  • нервни заболувања
  • женски гинеколошки заболувања(стерилитет, запаление на јајници)